Четириесет и седумгодишната актерка Камерон Дијаз и нејзиниот 40-годишен сопруг Бенџи Маден, гитарист на рок групата „Гуд Шарлот“ објавија дека станале родители на девојче, на кое му дадоа име Редикс.
„Среќна Нова Година од Маденсови! Ние сме толку среќни, благодарни и благословени на почетокот на новата деценија – ја добивме нашата ќерка Редикс Маден. Таа веднаш ги освои нашите срца и го пополни нашето семејство. Додека ние сме возбудени да го споделиме ова со вас, исто така ве молиме да имате разбирање за приватноста на нашето малечко девојче. Така што нема да објавуваме слики и да споделиме повеќе детали, освен фактот дека таа е многу, многу слатка“, напиша вчера на Инстаграм Камерон Дијаз.
Актерката последниот филм го сними во 2014 година и пред две години објави дека својата кариера ја става во мирување. Ќерката Редикс е нејзино прво дете.