Генералниот директор на Адора, Ванчо Чифлиганец, днееска ја посети мајката на првородените близнаци во 2020 година Анастасија и Габриел и од името на Адора инженеринг им честита на среќните родители Снежана и Димитар Рунтеви.
Оваа информација од Адора инженеринг ја споделија на фејсбук профилот на компанијата.
„Во изминатите 18 години во Адора се радувавме на многу новороденчиња, на многу млади брачни парови, на проширување на нивните семејства.Радоста беше голема кога се родија близнаци во две семејства на вработени во Адора, затоа чувството на радост, на нов почеток, на надеж за светла иднина, генералниот директор на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, искрено, од срце и душа ја сподели со родителите на првите новороденчиња во Новата година, посакувајќи им добро здравје, среќа, љубов, успеси во животот на целото семејство“, напишаа на постот од Адора.