Грабар-Китаровиќ на завршниот митинг „прогласи“ победа на изборите

560

Хрватската претседателска кандидатка, актуелната претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, на својот завршен предизборен митинг пред вториот круг од гласањето во загрепската населба Сесвете, денеска ги повика присутните да гласаат за програмата за хрватско единство и веднаш потоа ја „прогласи“ и својата победа.

– Ви ја честитам победничката 2020 година, година на подобар живот – рече Грабар-Китаровиќ откако ја изложи својата програма и истакна дека секогаш го бранела единството и достоинството на Хрватска и добриот живот на нејзините граѓани, како и правата на иселената Хрватска, а посебно Хрватите во БиХ, пренесе Хина.

– Да се собереме како и во 1990 година и како што не собираше првиот хрватски претседател Фрањо Туџман, а не поделбите на Хрватска што ги нуди Милановиќ – рече Колинда Грабар-Китаровиќ во преполната спортска сала во крајната источна загребска населба Јелковец, во чии први редови седеше раководството на ХДЗ, како и раководствата на нејзините коалициски партнери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...