Пленковиќ: Западен Балкан ќе биде голема политичка тема на самитот на ЕУ во мај

70

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива на официјален Загреб, со цел забрзување на динамиката на проширување.

На средба со новинарите во Загреб Пленковиќ кажа дека желба на  Хрватска е по 20 години од првата загребска средба, која  ја отвори европската перспетктива за државите од југоистокот на Европа, „да се вбризга политичка динамика во односите меѓу тие држави кон Европската унија“, пренесе Хина.

-Во нашите консултации пред самитот ќе настојуваме да се премости и деблокира тоа што, за жал, не беше одлучено во октомври на Советот на ЕУ, и да се пронајде начин како да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, рече Пленковиќ и додаде дека е тоа цел на Хрватска во консултации со ЕК и државите членки.

Тој додаде и дека најважна тема на нивното претседавање, во политичка смисла, ќе биде европскиот буџет, бидејќи ќе се одрази на сите политики на европскиот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...