Русија: Поскапа вотка од 1 јануари

192

Од првиот ден од 2020 година, Русите ќе пијат поскапа вотка, по одлуката на Министерството за финансии да ја зголеми цената на омилениот пијалок на таа нација на 230 рубли (3,3 евра).

Љубителите на чашка вотка, исто така, ќе се соочат со зголемување на цените на другите алкохолни пијалоци така што минималната цена на половина литарско шише коњак ќе поскапе на 433 рубли (околу 7 евра), додека шише ракија ќе чини 315 рубли (5,1 евра).

Министерството за финансии на Русија уште од 2009 година ги замрзнуваше цените на алкохолните пијалоци за да се спротивстави на нелегалното производство и продажба. Според руски медиуми, се преиспитуваат цените и за одделни видови вина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...