Управата за јавни приходи соопшти дека денеска се заокружува второто тримесечје од Мој ДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30 декември, скенирани се 28. 948.878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари, вкуп
Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.
Од УЈП информираат дека за првото тримесечје од Мој ДДВ, за кое исплатата почна во декември, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата Мој ДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.
За граѓаните кои во апликацијата Мој ДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период. Воедно, апелираат корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.