Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, откако му честиташе на албанскиот народ за препораката на Европската комисија, изјави дека земјата “ќе има многу предизвици и голема работа, почнувајќи од зајакнување на правната држава, борбата против организираниот криминал и реформата во правосудството“.
– Преговорите со ЕУ не се лесни. Мојот сон е Албанија да го продолжи патот кон Европа. Во најдобар интерес е Албанија да биде целосно интегрирана во ЕУ. Она што го стори Албанија е доволно за да се отворат преговорите. Сега, предизвикот е да ги убедиме сите земји во јуни и да започнат преговорите.Јас секогаш сум внимателен, но,велам, сум оптимист. ЕУ е најголем инвеститор за целиот регион, изјавиТуск.
Премиерот Рама изјави дека “ќе ја градиме европска Албанија во Албанија“.
– Тоа е процес кој бара време и кој го бара интересот на нашите деца. Со претседателот, кој е добар познавач на регионот, разговаравме за процесот на продлабочување на регионалната соработка и истакнав дека овој процес на трансформација за регионот е поврзан со европската перспектива на земјите од регионот. Ние, исто така, разговаравме за понатамошниот напредок на реформите во правосуството, рече Рама.
Тирана е првата дестинација од балканската турнеја на Туск,во чии рамки ќе ги посети и Подгорица,Белград,Приштина, Сараево и Скопје.
Премиерот Еди Рама в четврток во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
FOTO: EPA-EFE/PATRICK SEEGER