Индустриското производство во ноември годинава е намалено за 2,1 отсто во однос на ланскиот ноември, а за период од 11 месеци од годинава има пораст од 4,7 отсто во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика воноември годинава воспоредба со анскиотноември, во секторот „рударство и вадење на камен“ се бележи опаѓање од 11,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пораст од 0,7 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 9,6 отсто.
Кај групата „капитални производи“ има раст од 6,6 отсто, а опаѓање има во групите „енергија“ за 10,7 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,8, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,4 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,2 отсто.