Горивата од полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 68,5 денари. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ од полноќ ќе изнесува 70,5 денари на еуродизелот ќе изнесува 63 денари за литар и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.
За 0,904 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,243 денари.