САД спречиле терористички напади во Русија

267

Со помош на американските специјални служби биле спречени терористички напади на територијата на Русија, се дознава од денешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Разговорот бил инициран од Москва, а Путин му заблагодарил на Трамп за информацијата, добиена преку специјалните служби, кои помогнале за спречување на терористички напади во Русија.

Освен тоа двајцата лидери се осврнале и на повеќе прашања од взаемен интерес, а се договориле да ја продолжат соработката во борбата против тероризмот.

Претходно денеска Путин имаше телефонски разговор со германската канцеларка Ангела меркел. Тие се согласија да го поддржат проектот „Северен поток 2“, позитивно ја оценија размената на затвореници со Украина и се договориле за натамошни контакти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...