Најмалку 50 луѓе се смрзнале во Бангладеш

Болниците се преполни со луѓе со заболувања предизвикани од долготраен студ, како што се грип, дехидрираност и пневмонија, информира владината претставничка за здравство Ајеша Ахтер.

223

Најмалку 50 луѓе починале од последици од зимата во Бангладеш, додека ладниот бран и понатаму трае низ целата земја, соопштија денеска медицински извори.

Студениот бран почна на први декември и ја зафати целата земја.

Болниците се преполни со луѓе со заболувања предизвикани од долготраен студ, како што се грип, дехидрираност и пневмонија, информира владината претставничка за здравство Ајеша Ахтер.

Најтешко се погодени сиромашните, како и децата и старите лица, додаде таа.

Метеоролозите соопштија дека студеното време, невообичаено за земјата, ќе трае уште неколку дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...