Во рамките на едицијата „Избрани дела“ на Методија Фотев, во издание на „Дијалог“ од Скопје, од печат излезе романот „Потомците на Кат“.
Тоа е прва книга од петтомниот проект во кој писателот Фотев ќе биде претставен и со романите „Селани и војници“, „Големите скитачи“, „Неплодна вода“ и „Вивариум“.
„Избраните дела“ на Методија Фотев излегуваат со критички толкувања на Петар Т. Бошковски и Слободан Мицковиќ, а во редакција на Веле Смилевски.
Методија Фотев (1932 – 2019) е еден од најистакнатите македонски романисери. За своето творештво тој е добитник на наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“ и „Дијалог“.