Лажна тревога за бомба на хрватско-словенечката граница: Руски пијанист приведен заради музичко помагало

241
eu-carina-rampa granica viza

Електронско музичко помагало е причината поради која денес речиси два часа беше затворен граничниот премин “Обрежје” на хрватско-словенечката граница. По деталниот преглед на торбата на руски државјанин, кој со автобус патувал од Загреб до Торино, словенечката полиција констатирала дека не се работи за бомба како што првично се претпоставуваше, туку за музичко помагало.

Торбара и музичкото помагало се на рускиот пијанист Андреј Гугнин кој беше приведен. Веднаш по расчистувањето на случајот и повторното отворање на граничниот премин, тој за словенечките медиуми изјави дека ова прв пат му се случува.

-Искрено, не ги обвинувам полицајците, да бев на нивно место и јас така ќе реагирав – изјави Гугнин.

Тој на социјалните мрежи објави и фотографија од музичкото помагало и детално го опиша несекојдневниот настан. Гугнин напиша дека речиси два часа без задржан од полицијата со лисици на рацете врзани одзади. Барал да му се објасни зошто е прiведен, но како што вели никој ништо не му кажал. Тој ги предупреди своите колеги дека истото може да им се случи и нив и ги посоветува ваквите музички помагала да ги носат на места кои се лесно достапни за проверка.

Гугнин вели дека откако се утврдило дека не се работи за бомба, словенечките полицајци му се извиниле, го понудиле кафе и биле многу пријателски настроени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...