Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување, односно укинување на дополнителната акциза за дизелот од 3,5 денари која што од 1 јануари оваа година ја воведе Владата.
– Се работи за големо, огромно оптоварување и за граѓаните и за стопанството и од тие причини гледаме дека секојдневно цената на дизелот во Република Македонија расте. Откако Заев и Тевдовски влегоа во Владата цената на дизелот се зголеми од 46 на 60 денари, односно зголемувањето е 30 проценти. Од тие причини државата најмалку што може да направи е да ја укине дополнителната давачка која што ќе ги удри граѓаните на Република Македонија по џебот со повеќе од 30 милиони евра – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев денеска на прес конференција.