Комерцијална банка утре ќе ги исплати пензиите за декември

913
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Пензионерите кои добиваат пензија преку Комерцијална банка – Скопје ќе можат уште утре, наместо во почетокот на јануари, да ги подигнат пензиите за овој месец.

Од АД Комерцијална банка информираат  дека на 28 декември (сабота) ќе извршат  исплата на декемвриските пензии на пензионерите кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во Комерцијална банка.
Пензионерите можат да ги подигнат своите пензии на широката мрежа банкомати и низ филијалите и експозитурите на Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...