Дедо Мраз утре во 11 часот ќе слета со хеликоптер на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Таму од 10 часот ќе се одржи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловната бригада, како и на деца на припадници на ВБР и останатите команди и единици на Армијата и Министерството за одбрана.
Манифестацијата која е во организација на воздухопловната бригада.
Оваа активност на припадниците на Армијата која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници, стана препознатлива особено за најмладите поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата.