Веднаш по раѓањето на вториот син на Вилијам и Кејт, британските обложувалници почнаа да прифаќаат облози во врска со името на бебето.
Меѓу најспомнуваните имиња се: Артур, Алберт и Филип. Како што пренесуваат лондонските медиуми, најверојатно престолонаследникот и неговата сопруга ќе ја испочитуваат традицијата, и за своето трето дете ќе одберат име од историјата на кралското семејство.
Познавачи и извори блиски до кралската куќа, сепак, тврдат дека детето многу веројатно може да биде крстено на некој од семејството на Кејт Мидлтон.
Синот првенец на кралската двојка се вика Џорџ, а помалата ќерка – Шарлот – имиња поврзани со кралското семејство.
Најпопуларни машки имиња годинава во Велика Британија, се Лијам, Ноа, Логан и Оливер.
The Royal Baby is here! Prince William and Kate introduce their adorable new baby boy to the public outside St. Mary's Hospital. #royalbaby pic.twitter.com/R3jkXN6SXz
— On Demand News (@ODN) April 23, 2018