Идентификуван мозокот зад терористичките напади во Париз и Брисел, Усама Атар

155

Усама Атар е идентификуван како „мозокот“ зад терористичките напади кои ги погодија Париз и Брисел во ноември 2015-та и март 2016 година, открива белгискиот весник Стандард.

Атар координирал и три други напади во Франција и Белгија во текот на тие две години директно од Сирија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Емир Усама Атар (35), познат и како Абу Ахмед ги планирал нападите од Сирија, додека на терен во Европа за координација бил задолжен Абделхамид Абауд, еден од најпознатите терористи во Белгија.

Ова е заклучокот на извештајот на француското обвинителство до кое дошле новинарите на белгискиот Стандард.

Десетици терористи кои служеле како борци во војната во Сирија се вратија во текот на 2015 година во Европа каде почнале тајно да ги подготвуваат нападите на европско тло. Абауд бил еден од нив, открива извештајот, и е првиот кој од Белгија повторно се враќа во Сирија со цел координација на атентатите. Мнозинството повратници од Сирија биле Белгијци и Французи, неколку Сиријци, еден Швеѓанец и еден Тунижанец.

Усама Атар, белгиски државјанин, е „несомнено“ идентификуван како лицето кое ги планирало сите напади директно од Сирија, стои во извештајот на француското обвинителство. Според разузнавачките служби на Франција и Белгија, Атар бил многу близок со вториот човек на терористичката група Исламска Држава, Абу Мохамед Ал Аднани, и го познавал Абу Бакр Ал Багдади.

Од 2014-та, Атар ја водел групата Ливас Ас Садик, бригадата што ги планирала атентатите во Европа.

Според извештајот, планиран бил напад врз холандскиот аеродром Схипхол на истиот ден со париските атентати, 13 ноември 2015, но од непознати причини бил откажан.

Судењето за париските атентати е закажано во текот на 2021. Усама Атар умрел во Сирија, додека сите други освен Салах Абдеслам беа убиени. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...