Турција: Се удавија седуммина мигранти во езерото Ван, им се превртел чамецот

32

Најмалку седум лица загинаа денеска откако мал брод со мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан се преврте и потона во езерото Ван, во источна Турција.

Според канцеларијата на гувернерот на турската провинција Битлис, спасени се 64 лица.

Бротчето потонало додека се приближувало кон северниот брег на езерото. Несреќата се случила три часа по полноќ по локално време.

Од седумте загинати мигранти, двајца починале во болница. Спасените мигранти се пренесени во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...