Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека во текот на годината се очекуваат 40 милиони посетители во Турција, што би било многу подобар резултат во споредба со 2017 година.
Лани Турција пречека 32,4 милиони туристи, што само по себе претставуваше скок од 28 проценти во однос на претходната година. Ердоган најави дека добрите резултати ќе продолжат и во 2018 година.