Приврзаници на Моралес опколени во мексиканската Амбасада во Ла Паз

91
ФОТО: EPA / Martin Alipaz

Мексико соопшти дека боливиските безбедносни сили го зголемиле своето присуство околу резиденцијата на мексиканскиот амбасадор во Ла Паз каде група поранешни министри и други функционери верни на соборениот претседател Ево Моралес побараа азил.

Војската во вторникот се собра околу резиденцијата, соопшти мексиканското Министерство за надворешни работи и ситуацијата ја оцени како „опсадна состојба“.

Односите меѓу двете земји се затегнати откако Мексико му даде азил на Моралес, кога тој на 10 ноември поднесе оставка по немирите во земјата заради обвинувањата дека ги фалсификувал претседателските избори.

Моралес во меѓувреме замина за Аргентина и завчаера најави дека ќе остане вклучен во политиката на соседна Боливија, наведуваат американските медиуми.

Боливискиот заменик министер за јавна безбедност Вилсон Сантамарија изјави дека на политичарите кои се наоѓаат во мексиканската Амбасада нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

-Ги преземавме неопходните чекори за силите за безбедност веднаш да откријат било каква помош на бегалците за да ја напуштат земјата, рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...