Властите во Мексико објавија жолта тревога за опасност, откако вулканот Попокатепетл повторно се активираше и почна да исфрла пепел.
„Од 04:21 часот имаше емисии од пепел и вулканска гас на височина до еден километар, кои се распрснати кон Југоисток, а фрагменти од блескави камења беа забележани во радиус од 900 метри“, се вели во соопштението на Националниот координативен центар за одбрана на земјата.
Во врска со новата активност на вулканот, објавена е жолта тревога, но тоа не подразбира евакуација или прекинување на работата на луѓето во областа на вулканот.