Комшиќ го повика Вучиќ да ја суспендира стратегија за одбрана на Србија

-Ако во Србија мислат да се откажат од Дејтонскиот мировен договор, нека го кажат тоа – ќе ни биде задоволство работите во БиХ поинаку да ги уредиме, изјави претседателот на Претседателството на Б и Х

260
FOTO MIA

Усвојувањето на стратегијата за одбрана и национална безбедност на Србија би значело нарушување на регионалниот мир и стабилност, а би претставувало и вовед во нови тензии на просторот на Западен Балкан, бидејќи тоа би бил акт на отворено непријателство кон државата Босна и Херцеговина, оцени претседавачот со Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ.

Тој оцени дека Вучиќ треба веднаш да ја суспендира стратегијата, пред да биде доцна, потсетувајќи дека сè уште се свежи раните од последната српска агресија и спроведен геноцид, пренесува Фена.

– Ако во Србија мислат да се откажат од Дејтонскиот мировен договор, нека го кажат тоа – ќе ни биде задоволство работите во БиХ поинаку да ги уредиме -потенцира Комшиќ.

На српската стратегија реагираше и социјал-либералната Наша странка (НС) од БиХ.

„Србија со својата стратегија за одбрана повторно покажа територијални претензии кон БиХ. Зачувувањето на Република Српска им е национална цел, што е партикуларен и тенденциозен пристап кон БиХ, а ги подгрева и сепаратистичките намери во тој ентитет“, се веливо реакцијата од НС.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...