Вкупно 16.100 земјоделци добиле поврат на персонален данок на доход

Со измените во Законот за персонален данок на доход, право на поврат на персонален данок на доход остваруваат земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, оние кои немаат остварено приходи по друг основ, односно кои оствариле приходи единствено од продажба на земјоделски производи до еден милион денари, кои не се ДДВ обврзници, не се во работен однос и не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

87

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека досега е реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари за приходи остварени од продажба на сопствени земјоделски производи во текот на 2018 година.

„Воедно информираме дека исплатата е реализирана кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки. Земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на персонален данок од доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус рок во најблиските подрачни единици на Управата за јавни приходи“, наведува УЈП.

Со измените во Законот за персонален данок на доход, право на поврат на персонален данок на доход остваруваат земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, оние кои немаат остварено приходи по друг основ, односно кои оствариле приходи единствено од продажба на земјоделски производи до еден милион денари, кои не се ДДВ обврзници, не се во работен однос и не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

Според првичните податоци од евиденциите на УЈП и Министерството за земјоделство, правото на поврат на персонален данок од доход го остваруваат околу 17.000 земјоделци. На почетокот на 2018 година, Владата го измени Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително, со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање административни такси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...