Исплатени субвенциите за млеко

Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар, информира Агенцијата.

121

Платежната агенција во еден ден, без селекција на сметките на 7.877 фармери кои исполнуваат услови за добивање финансиска поддршка, исплати 222 милиона денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, за млеко предадено на преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 година.

„Се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар“, информира Агенцијата.

Владата од почетокот на мандатот до денеска исплати вкупно 331 милион евра финансиска поддршка во агро секторот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...