Сугарески се огради од чочекот на автопатот Демир Капија- Смоквица

Од Министерството наведуваат дека не се организатори на прославата.

979

Министерството за транспорт и врски се огради денеска од прославата на автопатот Демир Капија-Смоквица на која по повод пуштањето во употреба вчера беше организирана веселба со жива музика и чочек.

Од Министерството наведуваат дека не се организатори на прославата.

„Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации.Исто така информираме дека Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, стои во реакцијата Министерството.

Во однос на сите други информации, од таму ги упатуваат медиумите да се обратат до Изведувачот на проектот.

„Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности“, додаваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...