Премиерот Зоран Заев, денеска најави дека од утре ќе почне распределбата на парите за вградување инвертери, кое е мерка на владата за намалување на загадувањето.со оваа мерка 10.000 граѓани од три града во земјава ќе добијат ваучери за купување инвертери, со обврска да ги вратат грејните тела кои ги употребувале досега кои биле на загадувачки горива.
– Верувам дека општините успешно ќе ја водат активноста, а ние ќе се обидеме преку јавниот сервис да им ги објасниме погодностите на граѓаните – рече Заев.
Тој рече дека активноста ќе се реализира во континуитет.
– Во јануари граѓаните ќе ги добијат ваучерите и граѓаните ќе можат да ги инсталираат грејните тела и потоа да го одложат старото грејно тело – рече Заев.
Тој најави дека од август ќе се имплементира активноста во цела држава со пари од буџетот и со грантови од меѓународни финансиски институции.