Стапката на сиромаштија се намали на 21,9 отсто

Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 отсто додека стапката на сиромашни пензионери е 7,9 отсто.

77

Стапката на сиромашни лица во земјата лани изнесувала 21,9 отсто што претставува намалување во однос на 2017 година кога таа изнесувала 22,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според овие податоци околу 455 илјади граѓани лани биле сиромашни.

Основа на пресметките на сиромаштијата, како што соопштуваат од ДЗС, се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22 отсто. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 отсто додека стапката на сиромашни пензионери е 7,9 отсто.

Според ДЗС, Gini коефициентот, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 31,9 отсто.

Стапката на сиромаштија за 2018 е иста како и во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...