„Сан“ го исмеа омотот за божиќниот албум на Кичо Слабинац (ФОТО)

581

Британскиот таблоид „Сан“ го исмеа омотот за прочуениот божиќен албум на хрватскиот пејач Кичо Слабинац „Christmas with Kićo“, оценувајќи го како најгрд омот на сите времиња.

Слабинац, 37 години по објавувањето на албумот, во најновото ТВ-интервју повторно се облече како Дедо Мраз и ја прокоментира статијата на „Сан“ од пред извесно време.

На сликата од 1982 година, пејачот е во костим на Дедо Мраз, но со сини веѓи и жолти мустаќи, но и изморен и тажен поглед.

– Тие бои се појавија сосем случајно… Беше забранет увоз на боја однадвор, па омотот беше печатен само со она што го имавме. Така јас добив сини веѓи и жолта брада – кусо објасни Слабинац во интервјуто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...