Елиминирано минско поле на Гогланд, каде што Путин требало да се вкотви

324

Во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на островот Гогланд идново лето, маринците од Балтичката флота таму пронашле и елиминирале минско поле од времето на Втората светска војна.

Како што соопшти командантот на Флотата, адмирал Александар Носатов за весникот „Црвена ѕвезда“, деминерите на островот отстраниле две десетини од муницијата од пред 80-на години, а пак, на морското дно, екипажот на миноловецот „Александар Обухов“ открила цело минско поле на германската војска.

Тоа, со помош на роботизирана подводна техника е уништено на самото место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...