Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи премиера на оперското либрето „Скендербег“ на композиторот Фатос Лумани.
Оперското либрето Скендербег е базиранo врз твроби на странски и албански автори кои во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендербег.
– Националниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти познат и под името Скендербег, во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства. Во знак на неговите борбени вештини, Султан Мурад II , на Скендербег му го ветува престолот на Едрене, како и неговата ќерка Фатиме за жена, а на синот Мехмет, престолот на Арбериа. Овој предлог го вознемирува Скендербег и во неговите сеќавања се појавуват мајката Војсавa и браќата, во времето кога тие биле земени како заложници. Наоѓајќи се во дилема да избира помеѓу љубовта на Фатима и гласот на татковината, Скендербег се одлучува за второто. Со помошта на неговите соборци, поготово со помошта на Лек Дукаѓини, а и од неговиот внук Хамза, Скендербег ја напушта борбата во Ниш и се упатува кон таковината. Тој влегува во Круја и го освојува замокот. На него му се придружува и неговата сестра, Мамица и ја постигнува неговата цел за слобода – информираат од НОБ.
Историјата на херојот, посочуваат, почнува со неговата висока кариера во Османлиското Царство и завршува во замокот во Круја. На овој начин, во ова дело Скендербег од Едрене му припаѓа целосно на минатото, затоа што на крајот тој се враќа како Ѓерѓ на Круја и на цела Арбенија.
Режисер на ова опера е Чендрим Ријани, диригент Олси Ќинами, асистент режисер Петрит Незири либретист Аријан Красничи, кореограф Артан Ибершини, костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор Верица Ламбевска, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, светло дизајн – Милчо Александров, асс. кореограф Саша Евтимова, корепетитори: Шкељзен Бафтијари, Андреја Наунов, Јанинка Невчева
и нотограф Адис Исмаили.
Во оваа опера улогите ги толкуваат: ликот на Скендербег го толкува Армалдо Клоѓери, Фатима – Зана Абази Рамадани, Хасан Ага – Армандо Ликај, Султан – Васко Здравков, Мамица – Нина Мухо, Хамза – Никола Стојчески, Лек Дукаџини – Лиридон Садриу, Јерина – Марија Наумовска, Пејачот – Мустафа Имери, Пејачката – Бесарта Муртезани, Војник – Исмет Вејсели, Сихана Бадивуку – виолинист на сцена, Мајка на Скендербег – Дрита Каба Карага.
Од Хорот и оркестарот на Националната опера и балет настапуваат: Агим Бафтии, Ева Џингова, Мартина Димовска, Матеа Илиевска, Стефанија Кузмановска, Арта Ќаили, Антонија Димитриевска, Тијана Аврамовикиј, Бојан Димовски, Веселин Трајковски