Американскиот претседател Доналд Трамп му испратил кусо писмо на својот руски колега Владимир Путин за Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Трамп испрати кратко писмо во кое се вели дека тие се подготвени да продолжат да се ангажираат за изнаоѓање начини за надминување на проблемите во нашите односи- рече Лавров.
Писмото е одговор на понудата на Путин да се воведе мораториум за развој на проектили забранети со Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, додаде тој.
САД официјално го напуштија договорот ИНФ со Русија во август, тврдејќи дека Москва го крши договорот, што Кремљ негираше.