Куба го доби првиот премиер по 43 години

Мареро (56) беше министер за туризам 16 години во периодот кога Куба доживеа наплив на туристи и хотелски комплекси

245

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел го именуваше министерот за туризам Мануел Мареро Круз за прв премиер на Куба, по 43 години, а неговиот избор го потврди и парламентот во Хавана.

Мареро (56) беше министер за туризам 16 години во периодот кога Куба доживеа наплив на туристи и хотелски комплекси, со што туризмот стана еден од најважните сектори на кубанската економија.

 

Претседателот Дијаз Канел рече дека искуството на Мареро во преговарањето со странски инвеститори е една од неговите главни квалификации.

Позицијата премиер на Куба ја имаше Фидел Кастро од 1959 до 1976 година кога новиот устав ја смени неговата титула во претседателска и ја укина функцијата премиер.

Актуелниот устав ги подели овластувањата на претседателот и премиерот, кој е задолжен за дневни активности во петгодишен мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...