Германија го забрани „Убер“

Компанијата „Убер“ во Германија работи во седум градови, вклучително Франкфурт, Берлин и Минхен и соработува само со фирми за изнајмување автомобили со лиценцирани возачи.

748
ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA

Германскиот суд ја забрани работата на американската компанија „Убер“, која закажува возење преку мобилна апликација, сугерирајќи дека компанијата не ги поседува потребните дозволи за превоз на патници во германските градови.

Компанијата „Убер“ во Германија работи во седум градови, вклучително Франкфурт, Берлин и Минхен и соработува само со фирми за изнајмување автомобили со лиценцирани возачи.

„Убер“ во ноември ја изгуби дозволата за работа во Лондон со образложение дека ги доведува во опасност своите патници.

Американската компанија најави жалба на одлуката на германскиот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...