Рама: Приштина губи со неучество во „малиот Шенген“

Албанскиот премиер посочува дека регионалната иницијатива е поддржана и од САД,

466

Албанскиот премиер Еди Рама денеска оцени дека со тоа што Приштина одбива да учествува во регионалната иницијатива наречена „Мал Шенген“, што се одржува денеска и утре во Тирана, Косово станува политички губитник.

– На Самитот нема да бидат само претседателите на Србија и на Северна Македонија, туку и други. САД испратија претставник на Стејт департментот да го поддржат овој процес – истакна Рама, дополнувајќи дека на собирот ќе има и претставници на Европската комисија, ЕБРД и Светска банка.

– Сите ќе дојдат. Зошто? Затоа што ова е процес кој сите го поддржуваат – истакна Рама.

Тој уште оцени дека проблемите на Белград и Приштина не се решаваат со судири и воведување такси, туку преку дијалог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...