Инаугуриран новиот претседател на Алжир, Абделмаџит Тебун

44
FOTO MIA

Новиот претседател на Алжир Абделмаџит Тебун денеска е свечено инаугуриран за нов шеф на државата.

Поранешниот премиер на Алжир, Абделмаџид Тебун е избран за претседател на земјата со 58 отсто гласови на изборите, кои ги бојкотираа демонстрантите. Тие ги отфрлија изборите бидејќи тврдат дека се организирани од политичката елита.

Во првото претседателско обраќање, Тебун ги пофали протестните движења, кои во април го симнаа од власт тогашниот претседател Абделазиз Бутефлика, и им се заблагодари на гласачите што ја вратија земјата на „вистинскиот пат“.

Тебун изјави дека ќе се бори против корупцијата, што е главен проблем во Алжир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...