„Локо Транс“ во земјава ќе произведува локомотиви и вагони

Компанијата „Локо Транс“ има фабрики во Чешка, Словачка, Италија, Бугарија Србија и Аргентина и ги покрива пазарите од Европа, Блиски Исток Латинска Америка и Африка.

1037

Чешката компанија „Локо Транс“ ќе инвестиција вредна од 15 до 20 милиони евра во изградба на фабрика за производство на шински возила во земјава во која ќе бидат вработени над 200 вработени, меѓу кои и вработените од „Колска“. Денеска сопственикот на компанијата Карел Јалови и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска потпишаа договор за државна помош.

– Фабриката ќе произведува шински возила: локомотиви и вагони.Тоа е слична но пософистицирана фабрика од поранешна „Колска“ и редно да кажам дека вработените кои ќе сакаат да работат ќе бидат преземени од оваа фабрика. Во неа ќе работат 250 до 300 работници – информира вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Анѓушев рече дека договорот за државна помош за оваа фабрика е во согласност со Законот за финансиска поддршка на компаниите преку транспарентна постапка.

– Таа треба да биде изградена за 12 до 14 месеци од почетокот на градба. Во неа ќе се реализира целото производство од суровина до готов производ – рече Анѓушев.

Сопственикот на компанијата на „Локо Транс“ Карел Јалови рече дека компанијата не е само производител на локомотиви и вагони туку се занимава и со превоз.

– Ние ќе градиме фабрика за производство и ќе ги сервисираме возовите и локомотивите – рече Јалови.

Компанијата „Локо Транс“ има фабрики во Чешка, Словачка, Италија, Бугарија Србија и Аргентина и ги покрива пазарите од Европа, Блиски Исток Латинска Америка и Африка.

Договорот за државна помош го потпишаа министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и сопственикот на чешката компанија Карел Јалови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...