Кузмановска: Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите

Пратеничката Катерина Кузмановска од СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите од идниот месец и со тоа по којзнае кој пат потврдува пред целата јавност дека тој и неговата партија се против повисока пензија за 700 денари за секој пензионер во државата.

835

Пратениците од владејачката СДСМ денеска го обвинија претседателот на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дека не сака да закаже продолжение на седница на ова собраниско тело на која би се разгледале законските измени со кои се предвидува зголемување на пензиите на 320 илјади пензионери.

Пратеничката Катерина Кузмановска од СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите од идниот месец и со тоа по којзнае кој пат потврдува пред целата јавност дека тој и неговата партија се против повисока пензија за 700 денари за секој пензионер во државата.

– Со предложените законски измени што ги кочи Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари – рече Кузмановска.

Според неа, со оваа законска измена Владата на СДСМ предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари што значи дека пензиите до крајот на 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...