Откриени гробници од микенската ера на Пелопонез

Меѓу предметите има златен прстен-печат и златна амајлија на древноегипетска божица, што покажува дека во бронзената епоха веќе имало трговски и културни контакти меѓу средоземноморските цивилизации.

303

Американски археолози открија две монументални гробници стари 3.500 години близу дворецот Пилос, од микенската ера на грчкиот полуостров Пелопонез.

Покривите на двете гробници во облик на куполи се урнале уште во древноста и се наполниле со толку многу прав и камења, така што стручните лица едвај стигнале до нив. Сепак, другото што се наоѓа во нив е речиси недопрено, зашто гробниците се користени од повеќе поколенија.

Меѓу предметите има златен прстен-печат и златна амајлија на древноегипетска божица, што покажува дека во бронзената епоха веќе имало трговски и културни контакти меѓу средоземноморските цивилизации.

Микенската епоха (1650 – 1100 г. пр.н.е.) е во основата на многу митови и легенди на Древна Хелада.

Поголемата од двете гробници е широка 12 метри. Ѕидовите сега се зачувани до височина од 4,5 метри – речиси половина на првичната. Големината на другата гробница била речиси две третини од првата. Нејзините ѕидови сега се два метра високи. И двете се од типот толос – масивни подземни конструкции со куполи коишто достигале височина до 15 метри. Во нив се погребани благородници.

Ископувањњата траат веќе две години и се раководени од археолози од Универзитетот на Синсинати. Тие ја имаат откриено и гробницата на Грифоновиот воин Пилос, исто – на тоа место, наречена така поради некои од орнаментите. И трите гробници се градени пред кралскиот дворец, од кој исто така, има остатоци. Зданието е опишано во „Одисејата” на Хомер, кој вели дека му припаѓала на царот Нестор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...