Хрватските инспектори казниле шестмина рибари од Копар и Изола во Пиранскиот залив, а на еден од нив казната во висина од 28.000 евра му е испратена по пошта, јави телевизија Словенија.
Казнувањето се случува во време кога Хрватска одбива да ја признае одлуката на арбитражниот суд за границата со Словенија, која беше донесена минатата година.
Според телевизијата, покрај поморска полиција, Хрватска користи и инспекција за рибарство за да казнува рибарски бродови од Словенија.