Холандско-македонската стопанска комора на вчерашното собрание ја избра Олгица Наумовска за претседателка во наредниот мандат.
Олгица Наумовска е директор на холандската ИТ компанија „ХСО Глобал
Сервицес“ во Скопје.
– Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании – рече Наумовска.
Комората има вкупно 54 членови, од кои 59% се холандски компании кои
имаат свои подружници во земјава.
– Особено во последните неколку години повеќе холандски фирми започнаа бизнис во Северна Македонија во областа на ИКТ и Business Process Outsourcing, вработувајќи стотици млади – рече Боб Смит, извршен директор на Комората.
На собранието беше избран и Дејан Иваноски како член на Управен одбор.Тој е директор на холандската ИТ компанија „Симфони Солутионс“ во Скопје.
За неговата 10-годишна поддршка за основање и развој на Комората, претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата „Вимафасхион“
во Кочани, беше награден со првиот почитен членство во историјата на
Комората.