А1 Македонија соопшти дека поради проблем со сервисите на Google корисниците од Европските земји не можеа да пристапат на дел од услугите од оваа платформа.
Достапноста и до други сајтови кои користат Google сервиси за рекламирање исто така се отвораат со намалена брзина.
За А1 корисниците, во моментов е заобиколен локалниот проблем преку серверите од Европа кои во моментов не се афектирани од генералниот проблемот.
А1 Македонија го следи развојот на ново настанатата состојба и ги презема сите потребни активности со цел на своите корисници да им понуди квалитетен сервис.