Квадрилатерална средба во Букурешт

На состанкот на Високиот совет ќе присуствуваат премиерите на Романија, на Бугарија, на Грција, Вјорика Данџила, Бојко Борисов и Алексис Ципрас и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

76

Во Букурешт денеска ќе се одржи состанок на Високиот совет за соработка на Романија, на Србија, на Грција и на Бугарија.

На состанкот на Високиот совет ќе присуствуваат премиерите на Романија, на Бугарија, на Грција, Вјорика Данџила, Бојко Борисов и Алексис Ципрас и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Состанокот е договорен за време на средбата на четирите лидери во во Белград во декември минатата година. Повод за нивната средба тогаш беше поддршката на Србија од овие три земји членки на ЕУ за забрзување на европскиот пат преку економската соработка, но и на останатите земји на западниот Балкан преку решавање на проблематичните односи.

На состанокот во Белград акцентот беше ставен на унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување меѓу овие четири балкански држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...