Графитите со говор на омраза во Чаир заменети со цртежи од ученици

436

Ученици и наставници по ликовно образование од основните училишта во Чаир денеска  се вклучија во уметничко цртање на трафостаниците, што го организираа Општина Чаир и организацијата „Centre for Common Ground“.

– Учениците на деветто одделение на основните училишта во Чаир заедно со нивните наставници по ликовно образование ги избришаа графитите со говор на омраза и ги заменија со прекрасни уметнички дела. На ваков начин најдобро го промовираме мирот и ја стимулираме креативноста на младите за поубави населби, соопшти Општина Чаир.

Активноста се реализираше во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија” кој е поддржан од амбасадите на Велика Британија и Холандија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...