На лицитација ќе се продава лиценцата за летање и работа на словенечкиот авиопревозник „Адриа Ервејз“. Лиценцата на компанијата, која пред неколку месеци прогласи банкрот и беше отворен стечај е понудена со почетна цена од 45.000 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Стечајниот управник на „Адриа Ервејв“, Јанез Пустатичник во меѓувреме изјави дека е многу тешко да се процени пазарната цена на целиот имот на „Ардија“, бидејќи се работело за специфична компанија.
Инаку, според првичните анализи кои ги направиле словенечките власти, фирмирањето на нов авиопревозник не се покажало економски исплатливо.