Родителите го школувале за музичар, а тој станал готвач

„Одреден период се криев од моите кога готвев, не сакав да ме гледаат како разочарување. Често се случуваше скришум да соберам тави, ножеви и друга опрема и да готвам настрана“, вели нашиот соговорник.

412

Пеце Клечкароски, познат како Печур наскоро ќе полни 30 години. Вели дека пораснал во прекрасно домаќинско семејство, а нивниот дом често бил полн со гости и во него отсекогаш се готвела одлична храна.

Завршил средно музичко училиште , а потоа продолжил на музички факултет на отсекот „музичка теорија и педагогија“. Долго време пливал во музичките води занимавајќи се со најразлични музички жанрови.

„Намногу ме влечеле екстремните и бучни музички правци посебно хеви металот, панкот и други варијанти на рокенрол. Сум бил член и сум настапувал во доста домашни метал бендови низ времето наназад, генерално како вокал и ретко како тапанар или спореден гитарист. Буквално, коските и животот ги оставивме по андерграунд алтернативни свирки, гаражи и концерти. Матичен бенд ми е струшко-охридскиот состав Scattered со кој имаме издадено два албуми и моментално го снимаме третиот. Исто така, од неодамна го оформивме струшко-битолскиот бенд Sybil со кои засега имаме издадено едно EP. Вокален печат сум оставил и на други синглови и демо снимки од кои би ги издвоил бендовите Agni Kai од Куманово и струшките Titanium“, се претставува нашиот соговорник со кој, всушност, не сме тука за да разговараме за музика, туку, како што е редот во „Арт кујна“ – за готвење.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...