Парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија ќе се одржат во законскиот рок, на 26 април, а ќе бидат распишани на 8 март, пишува „Политика“.
Иако последниот датум на кој може да се распишат избори е 3 мај, раководството на Српската напредна странка (СНС) овој термин не го разгледува затоа што, речиси повеќе од извесно е, дека поголем број граѓани ќе ги спојат првомајските празниците со викендот и некои гласачи нема да бидат дома.
– Имаше две можности – изборите да бидат закажани за 19 април и седум дена подоцна, а кога ќе се погледне календарот, лесно беше да се види зошто изборите ќе се одржат на 26 април. Велигден е на 19 април и тешко беше да се верува дека на тој ден, оние кои се религиозни ќе прифатат да излезат на гласање, изјави претставник на Претседателството на СНС.