Судењето за убиството на Ивановиќ ќе почне на 30 декември

60
Судскиот процес против осомничените за вмешаност во убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, ќе  почне на 30 декември, изјави синоќа Махмут Халими, еден од адвокатите на осомничените.

Халими за Косово онлајн изјави дека подготвителното рочиште е закажано за 30 декември во 9:30 часот. Тој додаде дека бил во можност да го добие и да го прими обвинението и на српски и на албански јазик во врска со случајот за убиството на Ивановиќ.

Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение на 2 декември против шест лица – Недељко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радета Басара и Силвана Арсовиќ, кои се товарат за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година пред неговиот партиски штаб во северниот дел од Косовска Митровица
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...