Сенатот на САД одобри санкции за компании вклучени во „Северен поток-2“

Мерката има за цел да спречи понатамошна изградба на гасоводот - инвестиција од 10,6 милијарди американски долари со кој се очекува да се зголеми двојно испораката на руски природен гас во Германија.

145

Американскиот Сенат гласаше со големо мнозинство за воведување санкции за компании кои работат на рускиот гасовод „Северен поток“, испраќајќи до претседателот Доналд Трамп предлог-закон со кој сигурно ќе бидат незадоволни европските држави што сакаат да добијат природен гас од проектот.

Мерката, која лесно ја изгласа Конгресот минатата недела, има за цел да спречи понатамошна изградба на гасоводот „Северен поток-2“ – инвестиција од 10,6 милијарди американски долари со кој се очекува да се зголеми двојно испораката на руски природен гас во Германија.

Американските законодавци предупредуваат дека големиот енергетски проект ќе испрати приходи од милијарди долари кај рускиот претседател Владимир Путин и значително ќе го зголеми политичкото влијание на Москва во Европа.

Европските влади го повикаа Вашингтон да не се меша во деловните работи на Стариот континент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...