Исплатата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците почнува од утре. Исплатата ќе се врши неколкукратно, до крајот на годинава, на трансакциските сметки на земјоделците. Земјодлеците, пак , кои ги исполнуваат условите за поврат на персоналецот, а имаат измени во податоците на трансакциските сметки ќе треба да ги информираат надлежните за промените, за дам оже да им се исплати повратот.
Ова го соопштија на прес-конференција министерот за земјоделство Трајан Димовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Според податоците на УЈП и Министерството за земјодлество вкупно 17.000 земјоделци гои исполнуваат критериумите за поврат на персоналецот. Нив треба да им се вратат вкупно 80 милиони денари, односно најмногу 20.000 денари по земјоделец.
– Услов за добивање на парите е нивната основна дејност да биде земјоделството и покрај остварениот приход од продажба на примарни производи во износ од 1 милион денари, да немаат остварено други приходи – информира Димковски.
Лукаревска апелираше земјодлеците кои имаат промени во трансакциските сметки да ги пријават променита за да може да се исплати повратот.
-За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои Министерството и УЈП не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Затоа, ако некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат Управата за јавни приходи, со цел ефикасна и точна исплата на повратот – рече Лукаревска.